КОЈ РАСЦВЕТА ВО ПРОЦУТОТ НА БЕЗЗАКОНИЕТО НА РЕЖИМОТ?!

За новинарството и квази новинарите

Убаво е да има медиуми, да се информираат граѓаните, да ја разбираат вистината! Но кога довчерашните новинари, борците за слобода и човекови права, ќе го сменат дресот и станат „јавни службеници“ како ПИАР советници, мудруваат и ги делат медиумите на вакви и такви, тогаш навистина, вистината боде како шило. За да не биде вистината скриена во дел од архетипот, “во контурите на лицето од режимското новинарство, беа дел многу периодични весници, меѓу кои и месечно списание за туризам . “Квази новинарите”, за да опстои режимот, наводно ширеле лаги и невистини, спинови против тогашната опозиција. А објективните новинари, вистинските професионалки, кои се крстеа во принципиелноста на новинарството, во нивните медиуми ја кажуваа ВИСТИНАТА. И тие креираа јавно мислење, но не “базирано на лаги”, туку дека и градоначалникот и јавните претпријатија се “топ”, успешно работат, во интерес за граѓаните… Беа ли и тие “хипнотик за идеалната работа на власта” за читателите?!! Расцветаа ли и тие во процутот на беззаконието на режимот! Сегашните мудреци го делеа ли колачот со режимските?!

Или да напишеш дека не е проблем во плаќањето, туку во тоа да информираш позитивно, и тоа за ПАРИ!

Дали и пари, и простор користеа дел од довчерашните режимски новинари денес станаа државни службеници ангажирани од локалната власт за односи со јавноста…  Нашки кажно, на ти го копилето, за да не ја кажам вистината…?!

Новинарството чекорело по удолница, скала по скала се движело на патот кон “БЕДАТА”?! 

Loading