АСОЛЕН МУАБЕТ

– О,о,о!

– Окнал, шо е!

– Нишо, само така.

– Ебаго де, само така, вчерашен ми си.

– Мооре, чоек уста да не отвори.

– Абе отвори, ама да не заборајш да ја затвориш.

– Ааа, кај лежел, Коста Вратан.

 – Знам дека че почниш со вртење.

– Не бе жими Тасета.

– Остај го сега Тасе на мира.

– Не го зедов, па да го остам.

– Е, че му кажам!

– Преку Тасета!

– Жити него, ич немаш гајле,

– Без него да останам, ако е така.

– Чекај малце, ако е така или ако не е така.

– И да е така и да не е така.

– А, а значи така…

– Така де, ако разбра, пренеси му.

– Ни го матам, ни му пренесувам, кој че оди дури Ѓерманија, туку шо ти беше муабетот.

– Нишо бе, само сакав да те прашам како си.

– Фала на прашањето. Пред малце бев поарен, сега шашардисан.

– Ете виде, шо убав муабет си напрајфме.

– Ептен убав ,не знам дали негде во светов го има ова.

Loading