ВОДОПАД ОД 18 МЕТРИ ВО БРНИК

2 vodopad brnik

Живописната долина го надополнува пејзажот со водопадот кој претставува реткост за мариовските краишта, во кој водата слободно паѓа од 18 метри височина. Целокупниот амбиент кај селото Брник е послан со мир и спокојство, надополнет со романтично доживување при престојот и зиме и лете. Атрактивниот  вртоглав пад на водата и претворањето во прашина ги пара очите до степен на воодушевување и радост. Иако водопадот е оддалечен од селото, сепак лесно се најдува. Мештаните и планинарите ги обележиле сите околни патишта и на теренот лесно може да се стигне до кршливото стрмно паѓање на кубици вода за да се доживее празник на сетилата за вид.

Loading