КОИ ФУНКЦИОНЕРИ ЌЕ ПЛАЌААТ ГЛОБА?

Фотелјата бара транспарентност за имотната состојба

– На избраните или именуваните лица им се заканува казна од 500 до илјада евра во денарска противредност ако не го пријават имотот до Државната комисија за спречување на корупцијата

Државните и локалните функционери и раководители и директори не милуваат да ја откријат имотната состојба. Немаат баш волја да се демистифицира и идентификува имотот кој некогаш е со милионски суми, а ретко анкетниот лист е сосема празен и има сиромашни функционери. Законот за спречување на корупцијата го стеснува просторорот. Сепак се  најдуваат различни марифети да се засолне дел од имотот, да не биде на очиглед на јавноста и да не боде очи. Сепак, ако соодветните служби функцинираат совесно и одговорно, речиси е неможна мисија да се сокрие нелегално стекнатиот имот или да се маскираат бенефиции на функцијата надвор од законот.

Од локалните и државните функционери, покрај пратениците, Хари Локвенец, Димитар Стевананџија и Кети Смилеска, на сајтот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) може да се види имотната состојба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, на градоначалникот Илија Јованоски и на претседателот на Советот и претседател на ОО на СДСМ Миле Талевски со  речиси сите други 26 советници. И членот на Управниот одбор на Телеком, Сашо Велески го  презентирал имотот. Одговорен кон законот бил и прилепскиот дел од бордот на директори на Тутунскиот комбинат, Кире Станкоски, Татијана Стефаноска и Гоце Мојаноски. За В.Д. директорот на ЈКП Пазари, Кристијан Илиески, стои дека е член на Управниот одбор на ЈЗУ Универзитетски клиники – Завод и ургентен центар. Комплетно ја открила имотната слика директорката на Центарот за јавно здравје, Драгица Николоска. Кај ДКСК нема податоци за содржината на “богатството” на ВД директорот на ЈКП Водовод и канализација, Емил Јанески. Според податоците, тој не одговорил на законската обврска да го изложи на јавноста сопствениот имот и имотот на блиското семејство. Нема податоци и за В.Д.директорот на Општата Болница, Драган Богојески, ниту за В.Д. директорот на Здравствениот дом, Оливера Аџиоска. На списокот за имотната затаила транспарентноста  на директорот на затворот, Слободанчо Ристески. Истото важи и за директорот на Старскиот дом  Кристијан Пиличев и за новиот директор на ЈП за ПУП. И претседателите на управните одбори имаат обврска да го стават на увид на јавноста недвижниот и движниот имот преку ДКСК.

1200px-Goran Sugareski

sugareski 1

jovanoski

jovanoski 1

lokvenec

lokvenec 2

petar Risteski

risteski

smileska

smileska 1

stevanandzija

stevanandzija 1

veleski

veleski 1

Според законот, избраните или именуваните функционери, одговорни лица во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето, пополнуваат анкетен лист со детален попис на недвижниот имот, подвижните предмети од поголема вредност, хартиите од вредност и побарувањата и долговите, како и другиот имот што е во негова сопственост или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и да го поднесат до ДКСК. Плус депонираат заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки. При повторниот избор, дожлност е да ја известат ДКСК за новиот избор или именување. Дури анкетниот лист е нужно да се достави и до Управата за јавни приходи и се објавува на интернет страницата на ДКСК. Функционерите се должни во рок од 30 дена да пријават зголемување на имотот, односно на имотот на член на неговото семејство, како што е изградба на куќа или други објекти, купување на недвижности, хартии од вредност, автомобил или други подвижни предмети во вредност што надминува 20 просечни нето плати во претходниот тримесечје. Кон пријавата до ДКСК и УЈП се приложува и договор или друг документ што е основа за располагање со имотот, како и документ за начинот на извршеното плаќање. Комисијата ја евидентира и следи имотната состојба и промените на имотната состојба и на избраните и именуваните функционери и одговорни лица во јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал. 

kristijan

Законодавецот предвидел санкции и делумно прикажување на имотната состојба и за лажно прикажување. Комисијата открива и акумулации на функции, односно едновремено извршување на јавна функција и на управител во приватна фирма, што го толкува како судир на интереси.            Покрај законските обврски, дел од новите директори и функционери не поднеле анкетен лист за имотната состојба до што е обврска да го направат за 30 дена од именувањето. На заборавените или на неупатените избрани или именувани лица им се заканува во најмала рака казна од 500 до илјада евра во денарска противредност. Дури е законски “долг” одјавување на старите функцинери со нов анкетен лист на кој стои имотната состојба со заминувањето од функцијата или со престанокот на мандатот.

talevski1

Заштита на новинарите

Законот забранува каква било присилба, спречување или влијание на друг начин врз средствата за јавно информирање да објавуваат или да не објавуваат информации за случаи на корупција. Новинарот има право на непречен пристап до сите извори на информации во согласност со закон. Никој не може да ја исклучи јавноста од расправата за корупција пред надлежен орган или правно лице, освен кога се работи за претходна постапка што е прогласена за доверлива. Никој не може од новинарот што објавил информација за акт на корупција да бара да го открие изворот на информацијата, освен во постапка пред суд. 

Loading