ОДГОВОРНОСТ ЗА ОСТАВКАТА НА „ДИВАТА“ ДИРЕКТОРКА

ВМРО – ДПМНЕ го повикува градоначалникот Илија Јованоски да каже по кој закон ја именува за директор на градинките во Прилеп Благица Филипоска, која по негова наредба поднесе оставка и на нејзино место експресно се постави директор друг човек?

“Дали таа со наредба на Јованоски е вработена со договор за еден месец на место помошник раководител на една од градинките на 24.11.2017, и само по 3 дена, на 27.11. 2017 г. да биде именувана за ВД директор на градинките во Прилеп? Дали ја вработивте, а подоцна ја именувавте за директор без лиценца за работа и дали полага за лиценца дури на 10 јануари 2018 г., откако е разрешена? Веќе екс директорката, претходно вработена во приватна фирма, ја именувале незаконски. За да биде некој ВД директор на државна или јавна институција треба да е од редот на вработените. Ги повикавме и просветниот и трудовиот инспекторат да ги контролираат училиштата и градинките и веднаш да преземат соодветни мерки. Дали Јованоски е свесен дека со оваа постапка сносите кривична одговорност”?!

ВМРО – ДПМНЕ неколкупати опоменува дека се прекршуваат закони, за што се бркаат луѓе од работа. Опоменувавме затоа што незаконски поставените директори и се што потпишуваат е незаконско и подлежи на кривична одговорност. Ја повикуваме министерката Мила Царовска и инспекторатот да преземат мерки против градоначалникот Илија Јованоски. Министерката да каже како оваа незаконски поставена ВД директорка потпишуваше документи и каква одговорност имаат сите тие?

Од раководството на СДС и од Јованоски се очекуваше реализација на ветеното, а не да мислат како најблиските луѓе да ги постават на раководни позиции и по било која цена. 

Loading