За 111 годиншнината
На 23 декември се навршија 111 години од загинувањето на великанот на ВМРО, Дамјан Груев. Се одржа панихида во чест на револуционерот во родното село Смилево. Граѓани, почитувачи на ликот и делото на Груев, се поклонија и на местото каде се пренесени останките на корифејот на македонското револуционерно дело. Името на Дамјан (Даме) Груев е длабоко врежано во колективната меморија на македонскиот народ и неговата борба за независна држава. Тој е основоположник на македонската револуционерна организација ТМОРО – ВМРО и нејзин врвен организатор и раководител, кој својот живот го посветил на македонската револуционерна борба. Убиството на Дамјан Груев претставува огромна загуба за ослободителното движење.