РИЏАТА ЗАМИНА ВО ПЕНЗИЈА, НО ЌЕ ФОРМИРА” БИЗНИС АНГЕЛИ”

2 thumbnail

Ристо Најдоски, извршниот директор на Регионалната стопанска комора во Прилеп, замина во пензија. Тој 19 години беше душа и срце на бизнис секторот во регионов, ги обединуваше бизнис интересите и постојано контактираше со стопанствениците од општините: Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани. Се следеа тековните проблеми на стопанството, се иницираа решенија и се предлагаа законски измени.

Дипломираниот електро инженер му беше десна рака на претседателот Симон Наумоски, кој емотивно и можне искрено му се заблагодари за сиот изминат ангажман. Си разменија и подароци на заедничкиот ручек на кој присуствуваа, покрај бизинисмените и градоначалниците, стариот и новиот, Ристески и Јованоски.

Риџата, како што го знае цел Прилеп, Македонија, па и еснафот од поранешните ју-простори, пензионерските денови нема да ги мине седејќи по клупите во парковите, туку напротив најави дека ќе биде активен формирајќи асоцијација наречена, “Бизнис Ангели”.  

3 thumbnail

Loading