И КУЧИЊАТА МЕРАКЛИИ ЗА ДРЖАВНА ЦИЦКА

25550389 2053881454898485 3396460433857144563 n

Гладни и изнемоштени шест кучиња, скитници, се наредија пред зградата на локалната самоуправа во потрага по храна. Дали и тие намирисаа „дарежлива мрсна државна цицка“ или пак ги измами виорот на државното знаме, ЕУ или локалниот амблем? Нивниот инстинкт за мрвка и чувствителен нос ги одвел во близина на богатата софра, каде не е нужно да се варди домот и на стопанот да му се авка, праќајќи абер од синџирот. Кучињата се дарени од Бога да надушкаат каде можат цел ден да лежат, истегнати на дебел ќилим, мрсно нахранети како домашни миленици. За речиси два месеци од владеењето на новата структура на локалната самоуправа таму веќе најдоа леб и вработување десетина лица.

Додека градските власти дебатираа за банални теми, а пците се закануваат, тимот од петмина пиарчовци, новинари, наоружани со фотографи, одржувачи на интернет портали и камермани водат сметка за претставата на раководството. Граѓаните не ги чекаат службите да ги ангажира локалната власт. Сами се пресметуваат со кучешката опасност која ги демне пред портата или во сокачето. Да не завршат искасани од челустите на кучињата, се бранат со фрлање на затруена храна од која се најдени засега два пцовисани песа. За да не настрадаат сами се штитат. Заканата од кучињата по сопствениот живот, особено по децата, ја решаваат на најефикасниот начин – ги трујат скитниците. Тоа не е нешто ново кога затајуваат службите.

25594120 2053881428231821 120410420371459359 n-1

Градоначалникот Илија Јованоски пак оствари итна средба со службите од Комуналец и претставници на полицијата да го осуди чинот на труење на кучиња од страна на несовесни граѓани. При тоа се договорени мерки за спречување на ваквата појава. Јованоски апелира до граѓаните да не употребуваат отров за уништување на уличните кучиња. 

DSC04544

Loading