НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИНОТ Д – РИЗИК

4 Afrodita TaneskaНедостатокот на Д витаминот  го загрозува здравјето, вели специјалистот за биохемиска анализа Афродита Танеска. Според нејзиното истражување, 70 отсто од луѓето страдаат од недостаток на Д витамин. Најчестите симптоми се  замор, поспаност, малаксаност, мускулната слабост, намален праг на болка, депресија, потење на главата, ексцентричност, сува кожа, кршлива коса и бавно заздравување на рани.

-Недостаток на витаминот Д влијае на појавата на остеопороза, рахитис, кардиоваскуларни болести, депресија, шизофренија, алцхајмерова болест и деменција, рак на дојка, рак на  простата, рак на дебело црево… – објаснува Танеска.

Извори на витаминот Д е изложување на сончева светлина, без претерано сончање и во користење суплементи. 

Loading