ЦЕЛОСНО СРЕДЕНА ИНФРАСТРУКТУРА Е ЦЕЛ ЗА 4 ГОДИНИ

4 ulici

Реакција на Општина Прилеп, Оддел за односи со јавност:

Општина Прилеп, новата локална гарнитура и градоначалникот  Илија Јованоски интензивно работат на решавање на сите проблеми, коишто со години не се решени, а сериозно го тангираат квалитетот на животот на граѓаните. Проблемите со патната инфраструктура има значајно место во агендата. Затоа градоначалникот Јованоски на терен врши инспекција особено на улиците кои биле заборавени во агендата на претходната локална гарнитура. Паралелно се реализираат низа други инфраструктурни проекти, зашто целосно средена патна инфраструктура за период од 4 години е цел на градоначалникот Јованоски, и дел од неговата изборна програма.

Второ, возачот ја следи само агендата на градоначалникот Јованоски. Обврските не се условени од викендите. Напротив, деловните средби се реализираат кога е потребно, зашто тие се во интерес на што поголем квалитет во животот на граѓаните на Прилеп.

Непотизмот во кадровската политика е својствен за претходната локална гарнитура. Оваа локална власт ангажира стручни кадри, коишто се неопходни за да ги покријат каверните во кадровската неекипираност на Општината.

Според тоа, во агендата на градоначалникот Јованоски и програмата за работа на Општината, нема место за политиканство својствено за опозиционата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, која што на овој начин се обидува да ќари само дневно-политички поени кај електоратот, и да го скрие сопствениот неуспех на изборите.

Loading