ПОЗИРАЊЕ ПРЕД ПРОЕКТИТЕ ОД ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ

ПРЕС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ:

– Дали наместо ветените проекти, Јованоски ја вработи својата внука во општината

Aleksandar Georgioski

Градоначалникот Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по примерот од басната во која гавранот се кител со туѓи перја, парадираат низ Прилеп и присуствуваат на градежни активности за тампонирање и асфалтирање на улици, кои нити ги ветиле во предизборниот период, нити пак досега знаеле дека ќе се реализираат и каде се наоѓаат. Напротив, помпезно се фотографираа на отпочнувањето со асфалтирање на улици во урбаните заедници Гоце Делчев и Чачорица, а замислете се работи за асфалтирање на улици кои се дел од проекот за изградба на пречистителна станица и изградба на канализација во Прилеп, договори од претходната локална власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ. Средствата се обезбедија од ИПА фондовите и од претходната влада од ВМРО ДПМНЕ. Изгледа вака ќе се зафатат со решавање на инфраструктурни проблеми, со позирање пред објективите на проекти кои се веќе обезбедени од претходната локална власт. По теркот на министрите од СДС, шарените револуционери во Владата на Заев, директорите кои патуваат во бизнис класа, така и градоначалникот на Прилеп наместо остварување на ветеното успева да практикува само популизам.

ij

Очигледно Јованоски брзо ги заборави ветувањата дадени во предизборието. Не ја намали цената на водата, не почна со реконструкција на салата Македонија, ги заборави младите и не им донесе вода и струја на сограѓаните Роми во населбата Три Багреми. Тука сакаме да прашаме дали наместо ветените проекти, Јованоски ја вработи својата внука во општината и му дозволи на личниот шофер службениот автомобил Шкода Суперб да го користи за приватни прошетки во сабота навечер?

На граѓаните им беше потребно само еден месец да видат дека се сурово прелагани од сегашната власт која освен празни зборови и уцени од локални шерифи сигурно нема да им донесе подобар живот.

Loading