ВЕЛОСИПЕДИЗАМ И ТУРИЗАМ

6 So velosiped po atreakcii

Околу 150 љубители на велосипедизмот не ја изневерија страста да возат на традиционалната манифестација Тура преку Слива на релацијата од Прилеп, преку превојот Слива на патот за Мариово, па низ Пелагонија и во Прилеп. Организаторот,  здружението Велосипед 2015 со поддршка на Општината успеа да ја одржи традицијата во нејзиното четврто издание со претензија да го афирмира здравиот живот со движење со велосипед по атрактивни терени.

– Во подем е планинскиот велосипедизам, како алтернативен начин на спорт. Патеката е интересна, со променлив терен, асфалт, земја, живописен предел – изјави Спире Лазаров од Скопје.

Учесниците ги посетија макетата на црквата во селото Штавица, изградена за филмот “Пред дождот”, праисториското светилиште Палатица, панорамата Св. Петка и кралската гробница на археолошкиот локалитет Старо Бонче. 

Loading