НАЕЗДА ИНСЕКТИ ЈА ПУСТОШАТ АЈВАРКАТА КАЈ ТРОЈКРСТИ

– Земјоделците ја губат битката поради неефикасните инсектициди

– Штетите допрва се закануваат, оти инсектите се поотпорни од заштитните средства

image-0-02-04-b42370a5513a554d85a4c81eaa5564be066d8e589ce782ccbdd729f38d33fafc-V

Десетина дена земјоделците од селата Тројкрсти,  Чепигово и Тополчани, па и Бучин, кои одгледуваат пиперка од сортата Куртовска капија, ајварка, од десната страна на Црна река, се борат со инсекти кои ги напаѓаат плодовите. Заштитата со инсектициди е неефикасна за инсектите кои не летаат, туку се движат. Каде што ќе поминат оставаат пустош, оти го шмукаат сокот и ги предизвикуваат сушење на плодовите. 

Во нивата од три декари на Златко Китаноски од селото Тројкрсти, пиперките засега се оштетени околу 20 отсто од очекуваните приноси. Слично се случува на стотици декари во соседните села. Земјоделците сметаат дека инсектите ги напаѓаат пиперките и други градинарски растенија, откако завршила жетвата на маслената репка во битолскиот дел на Пелагонија, а инсектицидите не даваат резултати и се опасни по здрвајето на луѓето. Претпоставуваат дека инсектите се остаток од репката по бербата. Тие останале без храна и бараат да се населат на други растенија за да се размножуваат. Инсектите од ваков вид се изненадување за земјоделците, оти првпат ги напаѓаат посевите со градинарски култури. Градинарите немаат искуство за справување со наездата која го коси трудот и прави огромни штити.

image-0-02-05-2e488592049df58f47d72a09d93339a5c3216a7da167e293b95a3a3e265d0661-V

– Пиперките побелуваат, оти инсектите им го цицаа сокот. По неколку дена се плодовите се сушат. Заштитуваме со третман по рабовите од нивите. Правиме своевидна брана од нападот на милионите инсекти кои се движат во потрага по храна, уништувајќи сé пред себе. Нема сериозни ефекти од прскањата. Ако еден ден се прска, другиот ден пак навлегуваат. Средствата веројатно траат само 24 часа и “нашиот отпор” попушта пред изгладнетите ползечки роеви инсекти. На доматите се населуваат на дршката,  ги има меѓу пченката или секаде каде ќе најдат погодно тло за опстанок и веројатно за задоволување на природниот инстинкт за множење и продолжување на видот во одреден период – вели Китаноски.                

Тој објаснува дека не ги штити пиперките со директно прскање на растенијата и плодовите, иако се пред берба и чиј откуп треба да почне после празникот Богородица. Стравува да не предизвика последици од хемијата.  Дел од пиперките се конзумираат термички необработени и постои ризик од загрозување на здравјето на луѓето.

image-0-02-05-bba1dc1aa684f1cc3400dd596694952ced908102b6b3c297bc78c6fed5f235f4-V

– Некои земјоделци пред неколку дена запалија внимателно дел од посевите со остатоци од жетвата на пченицата. Како да има знаци на смирување, забавување на динамиката на движење. Инсектите како да папсаа. Не можам да тврдам дека нема да дојдат “свежи ползечки сили”.  Како и да е, не си дозволувам да ги прскам растенијата, оти хемиските средствата може да имаат последици и кај луѓето – загрижено кажува Китаноски.

Стручнаците уште не го откриле видот на инсектите и и не ги дефинирале советите за земјоделците за преземање на соодветни заштитни мерки за спас на приносите.

Loading