ПОТПИСИ ЗА СПАС НА ПРИЛЕП ОД БЕГАЛЦИ

Граѓанска иницијатива „Будење

Budenje za prva

Секој ден од 10 до 19 часот, на плоштадот „Методија Андонов- Ченто“, прилепчани може да се потпишат на граѓанската иницијатива, Будење, која е против доселување на мигранти и изградба на станбени згради за домување во градов. Целта е иницирање на референдум пред Советот на општината на Прилеп и изјаснување на граѓаните за Нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017 – 2027, која сака да ја донесе Министерството за труд и социјална политика. Собирањето на потписите почна на 19 август и со нив ќе бараат од прилепските советници да се спроведе реферндум и да се спаси Прилеп и идните генерации од мигрантите. Само за неколку часа, на првот ден беа собрани околу 1000 потписи.

Graganska inicijativa Budenje

Според граѓанската иницијатива Будење, доселувањето на мигранти ќе значи намалување на платите и паѓање на вредноста на и така евтината работна сила, губење на работните места и нови отпуштања, наместо трошење на пари за изградба на училишта, градинки, паркови, игралишта, ќе се трошат пари за изградба на станови и куќи за мигрантите и пари за кирии, помалку пари за пензии и социјална помош; зголемување на криминалот, небезбедни градови и промена на составот и демографската слика на населението.

Граѓаните во голем број се потпишуваат на иницијативата против доселување на бегалци под Марковите Кули. Исплашени се од случувањата со мигрантите низ западно – европските земји. Не сакаат градот да се претвори во криминално гето, сакаат идните генерации да бидат безбедни и слободно да се движат низ улиците. Прилепчани негодуваат против идејата на Владата и на Министертсвото за труд и социјална политика, Прилеп да биде една од општините каде ќе се градат кампови или  мигрантска населба со 14 станбени згради за бегалци.

Ne za vdomuvanje na begalci

Пред повеќе од 25 години, прилепчани остро се спротивставија на идејата да бидат населени бегалци од Босна. Во 1991 година, бегалскиот камп требаше да се гради во близина на Касарната “Мирче Ацев”, но прилепчани го спречија доаѓањето предводени од тогашниот прв човек на градот, Илија Димоски Шаторо.

Нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 на Министерството за труд и социјална политика, минатите недели предизвика лавина реакции и го крена гневот кај населението во повеќе општини кои директно се засегнати, односно се местата каде ќе се градат станбени згради и живеалишта за бегалците.

Потписи се собираат секој ден од 10 до 19 часот.

Prilepcani se potpisuvaat na   inicijativata

ЛОШО ИСКУСТВО ОД ЕВРОПА

Зголемувањето на криминалот во средините низ Европа каде изминатите години се доселија бегалци е главната причина граѓаните да бидат загрижени. Не се мирни на информациите во јавноста за голем број ограбувања и силувања кои се случуваа во Германија, Шведска, Франција… Некои медиуми пренесуваа дека меѓу мигрантите, кои транзитираа низ државава и завршуваа во европските земји, имало терористи кои претходно се бореле на страната на ИСИС. Вознемируваат терористичките напади кои секојдневно се случуваат низ европските држави.

Loading