НАЕСЕН ОБНОВЕНО КОРЗО

Фудбал

Пред реализација е идејата за обновување на Корзо. Наесен конечно ќе профункционира овој фудбалскиот клуб, омилен не само во населбата, туку и во градот. На фудбалската сцена ќе се појави по четири години, откако летото 2013 се ,,фузира” со Шкупи. Односно, практично престана да постои и второлигашкот статус го предаде на скопјаните од Чаир. Последниот меч беше на 28 мај 2013 дома со штипските Баби, добиен со 2-0, за деветто место во Втората лига. Според најавата од новата управа, водена од Александар Попов, наесен планот е учеството во Општинската лига.Потоа, како клубот ќе расте, ќе растат и амбициите за враќање во второлигашкото друштво.

Во тек е регистрацијата на играчите, изборот на тренер и на терен на којшто ќе игра тимот во сини дресови.

Loading