АНОНИМНА ПОДЗЕМНА КРАСОТА

IMG 0045

Далеку од очите, подземјето крие ремек дела на природата. Пештерите и јамите се богати со декорации – сталагмити и сталактити, создавани со илјадници години. Утробата на земата изобилува со природни вајарски скулптури. За жал, остануваа видливи само за спелеолозите.

Најдолгата пештера од четири километри  кај нас е Слатински извор кај Македонски Брод, а најдлабоката пропаст е т.н. Солунска Пет на врвот Солунска глава, длабока 450 метри.

Според спелеолозите подземјето нуди огромна возбуда.

– Подземјето е феноменално. Кој не влегол не знае сигурно како расте адреналинот до неверојатно високо ниво. Возбудата кулминира во ризичните движења со јажиња и други реквизи во просторите на вечен мрак. Еурека се новите канали, објекти. Таа претставува големо задоволство – велат вљубениците во подземните убавини.

Крунисана подземна убавица е и пештерата Рамниште во близина на селото Крстец кај врвот Козјак. Оваа пештера е специфична по своето формирање. Настаната е во конгломерат формиран за време на постоењето на Пелагониското Езеро пред два милиони години.

За жал, овие подземни дарови на природата се анонимни и недостапни. Малку е направено за уредување и за нивно претворање во туристички атракции. Само планинарите и спелеолозите понекогаш организираат повремени осветлувања за задоволување на љубопиствата. Или пак за необични дочеци на Новата година во подземјето.

ramniste 3

– Пештерите во Македонија се изложени на уништување од страна на дивите копачи, залудно барајќи злато. Државата не се грижи за нивната заштита.  Затоа е нужна соработка со Спелеолошката федерација на Македонија. Со тоа ќе се поткрене нивото на култура, ќе порасне афирмацијата на богатството на пештерите. Така, ем ќе се заштитат природните раритети, ем ќе се доближат до граѓаните – велат спелеолозите.

Додека другите држави дебело заработуваат огромни пари од овој вид туризам, нашето богатство останува непознато за светот и секојдневно се уништува.

Loading