ЗАВРШИЈА ИСТРАЖУВАЊАТА НА СТИБЕРА

5 Novootkireniot objekt na   Stibera

Откриен е придружен објект на храмот од богинката Тихе во годинашните археолошки истражувања на Стибера, а кои завршија. Во објект најверојатно се одвивале обредни процесии кои претходеле на главните обредни дејствија во храмот.

– Во централниот дел имало платформа оформена од мермерни подни плочи и оградни блокови – парапети со бунар со култна намена, со иста длабочина од три метри како и бунарот во храмот. Градбата делумно е откриена и е поврзана со работилницата за теракотни претстави на божества, откриена претходните години, а која била во служба на храмот – вели археологот Душко Темелкоски, раководител на истражувањата.

Годинава откриени се остатоци и од неколку градби, најверојатно со култна намена на просторот каде е позициониран подоцнежниот римскодобен храм на богинката Тихе. Тоа значи дека има континуитет на егзистирање на просторот како култен.

Loading