СЕ ГРАДИ НОВО УЧИЛИШТЕ

Во населбата Сточен Пазар

2.Se gradi uciliste vo Stocen   pazar

Во второто полугодие в година, децата од населбите Сточен пазар и Жабино Маало ќе учат во ново училиште. Интензивно се гради подрачното училиште на ОУ “Рампо Левката”. Проекцијата е училиштето да ги задоволува стандардите за околу 170 деца до петто одделение во пет паралелки. Вложувањата од 10 милиони денари се од локалниот буџет.   Првин се промени Генералниот план, па деталниот, се направи проект, тендер, се избра фирма и веќе се гради.

Уште во 2005 година локална самоуправа обезбеди бесплатен превоз со автобуси за учениците од Сточен Пазар и Жабино Маало  до ОУ „Рампо Левката” и ОУ „Климент Охридски”.

Loading