ТУРЦИТЕ ОД ИСТАНБУЛ НА ДЕДОВАТА ГРУТКА

Во Канатларци

Традиционално, на Ѓурѓовден, турските иселеници од прилепското село Канатларци, кои живеат во општина Бајрампаша од Истанбул, доаѓаат во својот роден крај, да го посетат дедовото огниште, да се сретнат со роднините и пријателите на заедничка дружба и да се потсетат на спомени на канатларските средби. Стотина иселеници беа дел на прославата Меѓународна ѓурѓовденска манифестација на Општина Прилеп и Здужението Канатларци и околните села која се одржува втора година.

Градоначалникот Марјан Ристески нагласи дека сме пример за почитување на македонското и турското население.

– Така било некогаш, така е сега, така ќе биде и во иднина. Ќе градиме заеднички односи во интерес на Македонија и Турција. Бидејќи многу иселеници од Канатларци живеат во Бајрампаша, планираме збратимување на двете општини, Прилеп и Бајрампаша од Истанбул – изјави Ристески.

– Имаме одличен соживот со населението од Канатларци кое живее во Турција – истакна Хасан Мутлу, претседател на општинската организација на националната републичка партија во Општина Бајрампаша, Истанбул.

Канатларските средби беа проследени со песна и турско оро, на кое им се придружија и стари и млади.

Loading