НАСТАН ЗА ДОЛГО ПАМЕТЕЊЕ

ГИМФЕСТ 2017

– Гимназискиот фестивал ГИМФЕСТ седмипат ја наполни салата на Центарот за културата „Марко Цепенков”

slika za str 1 so del od tekst od str 4-5

Седмото фестивалско издание ГИМФЕСТ 2017 што го организира Гимназијата “Мирче Ацев” побуди огромен интерес во Прилеп и пошироко. И со право, затоа што според интересот и според коментарите на присутните и организаторите, фестивалот стана културна манифестација која нуди квалитет и забава, манифестација која остава трајни спомени и, пред се, настан со хумани цели.

Фестивалот за отворен го прогласи, градоначалникот Марјан Ристески, кој потенцираше дека гимназијалците постигнуваат успеси со освојување на бројни државни и меѓународни награди, претставуваат културен придвижник во градот и пошироко, а со Гимфест докажуваат дека знаат да направат еден убав културен и хуман настан кој според квалитетот може да се споредува со некои поголеми познати фестивали.

Фестивалот почна необично со интересен видео клип преку кој публиката ги запозна водителите, Деспина Сиљаноска и Симеон Мерипушкоски. Низ драматизација ги најавуваа изведувачите и музичките блокови и изнудија многу насмевки и аплаузи.

Овој Гимфест во целост беше посветен на македонската музика. Певливи рефрени од понов, но и од постар датум ја натераа публиката да запее заедно со изведувачите.

{AG thumbWidth=”150″ thumbHeight=”250″ thumbAutoSize=”none” arrange=”priority” backgroundColor=”ffffff” foregroundColor=”808080″ highliteColor=”558CB6″ frame_width=”450″ frame_height=”300″ newImageTag=”0″ newImageTag_days=”7″ paginUse=”0″ paginImagesPerGallery=”10″ albumUse=”1″ showSignature=”0″ plainTextCaptions=”0″ template=”classic” popupEngine=”fancybox”}451/gimfest{/AG}

Пред бројната публика се претставија 18 солисти, ученици од Гимназијата, кои имаа одличен настап и на жири комисијата и оставија тешка задача, да ги одбере најдобрите. Настапија: Филип Шабаноски, Доротеа Дамјановска, Магдалена Кузманоска, Кирил Илиески, Теодора Јовеска, Лина Антоска, Ивана Кормушоска, Ана Петреска, Бистра Петреска, Стефан Ангелевски, Натали Китаноска, Мартина Димитриоска, Антонио Николоски, Евгениј Темелкоски, Ангела Зероска, Анастазија Христоска, Михаел Милошески и Ивона Нанческа.

По настапот на сите изведувачи, комисијата се повлече и зад затворени врати ги оценуваше солистите.

Додека жири комисијата решаваше, пред присутните настап имаше специјалниот гостин, виртуозот на гитарата ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ. Ова е најголемото светско музичко име, со своето присуство, го направи седмото издание на ГИМФЕСТ настан кој нема да се заборави. Песните и звуците на гитарата ја восхитуваа публиката половина час и сите едногласно пееја „… ех да имам ко што немам…” „Чукни во дрво, чукни три пати, заедно да сме јас и ти…”.

Настапот на Влатко од публиката беше награден со громогласен аплауз.

Жири комисијата составена од М-р Татјана Ивановска, проф. Наталија Гарбеска, професорката по соло пеење Марија Димоска и оперскиот пејач Илија Белистојаноски. според однапред утврдени критериуми. ги избраа најдобрите.

– МИХАЕЛ МИЛОШЕСКИ – Прво место

– ИВОНА НАНЧЕСКА – Второ место

– ФИЛИП ШАБАНОСКИ – Трето место

Општ впечаток на членовите на жири комисијата е дека сите изведувачи беа одлични, дека се талентирани и треба да продолжат да другаруваат со песната.

solisti i pesni

Loading