ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЗА НАШИ ГРАДИНКИ

Ambient kako topol dom

Локалните власти посветуваат посебно внимание на зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст со отварање на нови објекти за детски градинки или реконструкција и адаптација на постојните.

Реновиран е дел од градинката Бончејца за 7,2 милиони денари. Установата Наша иднина го зголеми капацитетот со 5 нови групи во објектите во Бончејца, Гоце Делчев и Тризла. Со адаптација на работничкиот универзитет за 1,5 милиони денари создаден е простор за згрижување  на децата. Вложени се 3 милиони денари во адаптација на простор за градинка во ОУ “Рампо Левката”. Паралелно, се обновува опремата. Подарок од 4 професионални фрижидери донира германската амбасада, нова печка во централната кујна, клима уреди, јоргани за сите деца. Преку набавка и донации се зголемува фондот на играчки и едукативни дидактички материјали за децата, потоа, столчиња, масички, креветчиња, јоги и душеци. Со хуманитарни акции се обезбедени средства за реновирање на подовите во објектот во Вишне, во Гоце Делчев и Бончејца. Реновирани се санитарните јазли во сите објекти.

На градот му се потребни детски сместувачки објекти со голем капацитет. Ќе се гради градинка во Точила и во населбата Рид.

Последниве години се отворени градинки во селата Тополчани, Беровци, Канатларци и Големо Коњари за повеќе од 60 деца.

Во состав на Наша иднина работи и градинката во Кривогаштани со згрижени 50 деца.

За унапредување, подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на децата до 6 годишна возраст, планирани се изградба на детски градинки и адаптација и реконструкција на детските градинки во градот и во населените места.

Со проектот Инклузија на децата Роми во предучилишните установи згрижени се 30 деца од ромска националност.

Loading