МАСТ АСФАЛТ МЕЃУ БОРОТИНО И КАДИНО СЕЛО

Започна реконструкцијата на дел од патот Прилеп – Демир Хисар

Asfalt megju Kadino selo i   Borotino

Локалната самоуправа продолжува со интезивното темпо на подобрување на патната инфраструктура во Општината. Започна реконструкцијата на дел од регионалниот патен правец Прилеп – Демир Хисар во должина од 4 км. Инвестицијата изнесува 5 милиони денари, а парите се обезбедени од ЈП за државни патишта. Изведувач е „Македонија пат”.

Делницата со новиот слој на асфалт ќе ги поврзува селата Боротино и Кадино Село. Дел од патниот правец е во Општина Кривогаштани, а дел во Општина Прилеп. Во иднина ќе се обезбедат средства за продолжение на реконструкцијата на патот од Кадино Село па до стариот пат со Битола. Ќе се осветли влезот во градот од кај Варош. Локалната самоуправа ќе изгради пат до Прилепец. Готови се проектите и за патишта до селата Дабница, Крстец, потоа поврзување на селата Бонче со Подмол. Се градат или реконструираат патиштата до населени места кои имаат под 10 жители. За последниве 12 години асфалтирани се вкупно улици во должина од 83 км. за што се инвестираа 9 милиони евра. Исто така се асфалтираа вкупно 45 км. општински патишта, инвестиција од 5 милиони евра и асфалт добија повеќе државни патишта во должина од 44 км, инвестиција од 8 милиони евра. Асфалтирана е патна мрежа во должина од околу 200 км, за што беа инвестирани 22 милиони евра. 

Loading