„Изминување на времето“

Групна изложба

Ликовниот проект „Изминување на времето“ – изложба на дела од автори од Чешка и Македонија ќе биде претставен в среда од 19.30 часот во ЦК „Марко Цепенков“. Се работи за дела на група уметници од различни генерации, кои творат во различни медиуми како сликарство, вајарство, графика, фотографија, плакат, видео, инсталација и тн.

– Времето ги поврзува уметниците, правејќи симбиоза на нивните трудови ставени во еден простор – вели кураторот Петра Јовановска.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура.

Loading