НОВ ЦВЕТЕН ДЕКОР НИЗ ПАРКОВИТЕ

Atraktivni cvetni dekoracii

Пролетно цветно освежување низ хортикултурно уредување на повеќе локации изведува Комуналец. На парковските површини се засадува повеќе зеленило и цветни алеи. Нови содржини и украси ќе добие Паркот на револуцијата, паркот кај Градскиот часовник, просторот пред споменикот на Тоше Проески и средниот зелен појас на улицата ,,Димо Наредникот,,.

– Засадени се 80 брези, 1.250 зимзелени грмушкасти растенија и 1.250 парчиња цветен расад. Инвестицијата од 250.000 денари е насочена за разубавување на градот и обновување на досегашните цветни аранжмани – изјави Златко Ристески, директор на Комуналец.

Тој додаде дека претстои хортикултурно уредување на другите зелени површини. На сите паркови веќе има издупчено бунари и е инсталирана мрежа за наводнување со технолошка вода за лесно и брзо одржување.

Локалните власти го поздравуваат потегот и оценуваат дека со новата акција за хортикултурно уредување градот ќе го задржи приматот на еден од најчистите и најзелени во Македонија. Оттаму најавуваат нови паркови. Веќе се уредува просторот пред театарот, потоа музичкиот парк во Врбенско маало, се гради парк во Ѓогдере, Точила.

Градоначалникот Марјан Ристески најави градба на терен за мини голф  кај Паркот на револуцијата и т.н ,,град на дрва,, кој ќе биде посебна атракција.

Граѓаните бараат зелени површини кај зградите кај касарните и обнова на паркот во Варош, а во населените места се комбинираа парковите со детски игралишта. 

Nova ruba na fontanata

Loading