СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА РОМИТЕ

Прилеп секогаш покажува уважување за сожителството на граѓаните од ромската националност во Тризла. Почитта кон различните култури, традиции и обреди е карактеристична со децениии. Локалните власти инвестираат во патната инфраструктура, канализацијата, тротоарите, во новата спортска сала, терените со вештачка трева, реконструкцијата на ОУ ,,Добре Јованоски,, и градинката Тризла. Градот ја поддржа и градбата на новата џамија за припадниците од муслиманската вероисповед.

Општината активно го спроведува проектот Декадата на Ромите преку инклузија на децата Роми во градинките. Децата имаат бесплатен престој во градинките за полесна интеграцијата во заедницата. Паралелно, кај родителите се влијае на опфат на децата во образовната мрежа.

Loading