ПАРК СО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ

Во Кадино Село

Gradski park vo Kadino selo

Децата од Кадино Село добија нов парк со детско игралиште. Локалните власти вложија над 200 илјади денари да им подготват на најмалите, а и на повозрасните, пријатен простор за игра и за минување на дел од слободното време во пријатен амбиент.

Паркот е урбано освежување на селото кое добива сé повеќе градски содржини како реконструираното училиште, повеќенаменското игралиште и  асфалтираните и тампонирни улици.

Локалната самоуправа најави изработка на проект за канализационен систем во Кадино Село.

Loading