ПАДНА „СОКОЛ“

Шеесетина планинари на Картуш, заедно со колеги од Гевгелија и со љубитли на природата од Пожарско, Егејска Македонија, го освоија врвот Сокол (1827 н.м) на планината Ниџе од грчката страна. Патеката била многу напорна, оти се совладувала висинска разлика од 1500 метри. Но, заљубените во карпите, шумите и водотеците не се штеделе на уморот и суровата дивина, туку во походот уживале во фасцинантните глетки и на недопрената природа, од една страна, а од другата, од погледот на морето на солунскиот залив.

Ова е првпат прилепските планинари да го ,,кутнат, тешко пристапниот врв во Егејскиот дел од Македонија. 

Loading