БИСЕРИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ХОРСКО ТВОРЕШТВО

Концерт на хорот Про арс

PRO ARS najavuvaat isklucitelen   koncert

Камерниот мешан хор Про арс овој четврток од 20 часот приредува музичко предвелигденско доживување во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Со диригентот Сашо Татарчевски, хорот ќе се претстави со бисерите на македонското хорско творештво на делата на Стојче Тошевски, Сотир Голабовски и др.

Членовите се млади образовани уметници, дипломци на ФМУ.

Професионалниот мешан хор Про Арс е формиран во 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски, поттикнат од недостатокот и потребата за професионален хорски состав кој на македонската музичка сцена ќе дејствува континуирано и квалитетно и ќе одговори на нејзините потреби. Хорот презентира високо ниво на изведби, мобилност и широк репертоар на дела од различни жанрови. Ансамблот става посебен акцент на веќе постоечкото македонско хорско творештво, но и на премиерни изведби на нови дела од млади македонски композитори, со што ги поттикнува младите автори на компонирање на хорска музика. Во петгодишното дејствување, хорот имал повеќе самостојни концерти со уметничка хорска музика, меѓу кои и на Охридското лето.              

Loading