РЕВИЗИЈА НА 150 ИЛЈАДИ ДРЖАВЈАНСТВА

На протестите „За заедничка Македонија“

3Sekoja ve~er Iljadnici reakacii protiv tiranskata platforma

На протестите за „Заедничка Македонија“ во Прилеп, земјоделци, пензионери, лекари, уметници, актери, спортисти, свештеници, професори интелектуалци, потомци на хероите… Со високо исправено чело и знамиња излегоа да го изразат негодувањето против тиранската платформа и поранешните градоначалници Глигур Иваноски и Илија Димоски – Шаторот.

Во својот збор Димоски се врати 26 години наназад при создавањето на независна Македонија и првото прилепско плурално локално собрание чиј претседател беше Димоски, кој рече.

,,Од 8 септември  1991 година, кога беше распишан референдумот за раздружување од тогашната федерација, Југославија, се создаде можност за остварување на вековниот сон за создавање на самостојна држава и исправање на историските грешки од договорот во Букурешт. Тоа беше завет на нашите предци и должност на нашите генерации. На референдумот излезе 75 отсто од населението, кое 96,5 отсто се изјасни за суверена и назависна држава, Македонија. Тоа беше ден исполнет со неизмерна радост, се оствари идејата на Шарло, на Ченто, на Брашнаров, на Илинденците, на Асномците, кои ги положија своите животи за она што го добивме по мирен пат.

За жал, овој референдум беше бојкотиран од политичката партија ПДП, која тогаш ги застапуваше Албанците, а денес се претставуваат дека се државотворен народ. Зошто сега сакаат со некаква Тиранска платформа да ни ја земат државата? Зошто сега тоа некој им го дозволува?

Уште тогаш, странските сили кои í мислат лошо на Македонија, или истите кои ја разделија во Букурешт, имаа стратегија за создавање на можност за разнебитување или уништување. Се обидоа во Прилеп да населат 3300 босански муслимани и тоа со престој во прилепската касарна за по години да се создаде мултиетничка средина, во која лесно ќе можат да манипулираат. Како тогашен Претседател на Собранието во Прилеп, денес Градоначалник, имав голема одговорност тоа да го спречам. Мојата сила беше народот, мојата сила бевте вие кои сега сте собрани во огромен број. Ме викнаа на разговори во тогашната Влада, ме притискаа со најразлични методи. Ми ветуваа дека доколку ги примиме, Прилеп ќе доживеел економски развој. Ама, не наседнавме. Од час во час бевме сé повеќе и повеќе. Додека бев на разговори, народот ја блокира касарната, пристигнуваа луѓе од сите поголеми прилепски компании со мислата за иднината на Прилеп и со вербата за Македонија. Тогаш немаше разнебитени политички структури. Имаше само народ, како што има народ и сега.

Полицијата доби наредба да употреби сила врз народот, но прилепските началници не ја спроведоа. И полицијата се солидаризира со народот, поради што одговорните беа сменети, но останаа достоинствени Македонци.

Ова го зборувам да знаат сите прилепчани колку е моќен народот. Нема лесно до им помине замислата. Тука сме и ќе издржиме. Силни сме да спречиме туѓи платформи. Затоа барам да се изврши ревизија на дадените преку 150 илјади државјанства од 17 ноември 1991 година на бегалците од Косово, кои требаше да се стават на располагање за уништување на Македонците.

Со огорченост ги отфрлам ултимативните барања за бинационално редефинирање на државата во пресрет на формирањето на владата, после вонредните парламентарни избори и мешањето на официјална Тирана во внатрешните работи на Македонија. Исправени пред историскиот предизвик за опстанок на татковината, повикувам на единство меѓу политичките партии во Македонија и барам ја заштитат унитарноста на државата. Ги повикувам сите патриоти во Македонија и македонската дијаспора, независно од етничкото потекло, нивното верско убедување и партиска припадност, на семакедонско помирување и обединување за одбрана на унитарноста на државата, името и идентитетот на нацијата. Од сите барам почитување на Уставот и законите. Барам крај на отстапките, бидејќи трпението е при крај. Македонскиот народ нема резервна татковина. Затоа повикувам на одбрана на огништето, што им го должиме на нашите предци, но и на нашите поколенија,,. 

Loading