И РИПЛИ ГО ЗНАЕ „СЛОНОТ“

Ремек дела на природата

Фреска и човечка интервенција на природната фигура

Nedovolno iskoristena prirodnata virtuoznost

Покрај луѓето, и природата извајала исклучителни дела. Атрактивна карпа налик на слонова глава создадена од две природно споени карпи се наоѓа на археолошкиот комплекс Маркови Кули. Камениот слон што седи, што некои го препознаваат како штрк, висок е околу осум метри, поставен на сопствен карпест постамент во подножјето Кулите. Од слонот, градот се гледа како на дланка.

И познатиот истражувач Роберт Рипли го поставил како мало чудо на природата во енциклопедијата на светски познатите природни реткости.

Слоноте анонимност

Локалните власти на иницијатива на граѓаните се одѕваа на барањата да се уреди просторот за да претставува туристичка атракција.

– Марковите кули и населбата Варош со 77 цркви, заедно со природните раритети, се недоволно покажани богатства, иако се привлечен магнет за љубопитни туристи. Дестинација на намерни патници е комплексот полн со артефакти од многуслојни милениумски историски периоди. Но, “таинствениот ковчег” со археолошко и природно благо, покрај не малите напори, не е доволно откриен и сé уште е скриен за да се развие силна туристичка перспектива. Почетокот на  уредувањето на околината на слонот е добар старт што треба да продолжи  со отворање интензивен процес на истражувачки, конзерваторски и реставраторски работи за влегување на комлексот Марковите кули во картите на туристички атракции – вели прилепчанецот Никола Мирчески. 

Според него, неисцрпни се приказните и легендите од старите варошани дека околината на слонот била чистилиште на злосторства и гревови. И тие треба да им се доловат на туристите со водичи.

– Луѓе кои имале направено лоши дела доаѓале во камарите на постаментот секогаш полни со вода на миење на рацете и лицето за да си ги исчистат гревовите. Најраширено е преданието дека слонот бил ослободување од јаловост. Бездетни жени вртеле околу слонот со свеќи в раце во ноќите меѓу петок и сабота да ги смилуваат вишите сили да им дадат челад. Овој обичај бил осуетен од црковните власти и бил прогласен за пагански. Така бил прекинат – вели Мирчески.

Не е само природа, туку и човечка рака

Публицистот Тренчо Димитриоски пренесува дека карпата во форма на глава на слон има специфични интервенции од човечка рака.

– Тоа упатува на можноста дека жителите од древните населби на Варош и Марковите кули биле активно вклучени во духовниот и материјален живот, врзан за слонот. Заедно со околните гробови во карпестите површини, се заклучува дека просторот и слонот биле култно место за повеќе ритуали. На повисокиот дел од карпата се препознава издлабена камара од половина квадрат во кој се уште се видливи остатоци од фрескоживопис. За жал, не може да се открие кој е светецот на фреската, бидејќи е сериозно оштетен. Слонот е позната и пошироко преку енциклопедијата од светски познатиот истражувач Роберт Рипли за кого таа е чудо на природата –  објаснува Димитрисоки.

Мирчески пак раскажува предание од некој варошки бербер со прекар Богомилецот дека околината на слонот била врталиште на богомилите, бидејќи во Варош било развиено богомилството. Затоа, населбата Варош после прераснала во христијански центар со повеќе храмови. Богомилецот дури го споменувал и присуството на дедо Богомил на простори околу слонот.

Како и да е, секој ја поддржува идејата за комлетно уредување на природната склуптура, зашто тоа би било поттикнување на туристичките предности. И не само на Слонот, туку и на природните и културните вредности на комплексот Маркови кули. Таква е карпата Св. Петка со нагласени елементи на човечка интервенција. Тука спаѓа и камениот трон, кој служел за одредени ритуални активности, можеби при поставувањето на некои древни кралеви или вршење на слични активности на жителите на древната населба.

Слоновите на Ханибал кај слонот“?

Починатиот собирач на народни преданија, Благоја Алексоски во своите книги, пренесува претенциозна легенда која оди до таму што зборува дека Ханибал по освојувањата на Рим ги донел слоновите во Прилеп на поклонение на камениот природен монумент како слон.

Оваа легенда не наидува на научна поткрепа меѓу историчарите. Велат дека луѓе со силна фантазија “пуштиле муабет да се крене туристичката цена”, откако е забележан во риплиевата енциклопедија како природна скулптура.                                                                       

Loading