На интеранционалниот музички натпревар “Охридски бисери”
Деветгодишниот Арсениј Ангелески, ученик по пијано во МУ”Ордан Михајлоски Оцка” се врати со прва награда од интернационалниот натпревар за млади музичари “Охридски бисери”, што е доказ дека станува збор за талентиран исполнител уште на мала возраст. Оваа престижна награда, која ќе му даде поттик за натамошно постојано вежбање и совладување на тајните на инструментот не му е прва на талентираниот Арсениј, во класата на проф. Христина Никоска, кој редовно настапува на новогодишните и годишните концерти на музичкото училиште и на натпревари. Потврда за тоа е успехот што го постигна на 51 државен натпревар минатата година освојувајќи прва награда, како и прво место и специјалната награда на петтиот државен натпревар во организација на “Хармонија МБ”. Дека Арсениј ветува многу на музички план потврдува и фактот што е дел од семинарите по пијано што ги води професорката Ана Тацева.