Познати имињата на наградите Трети ноември
Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници ги откри имињата на добитниците на наградата Трети ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп. За 35 годишнината од независноста, највисокото признание, наградата за живото дело, во вторник, на свечена седница на Советот на општината, ќе му биде врачена на Илија Димоски – Шаторо. Тој беше прв претседател на општинското собрание на Прилеп во плуралистичкиот демократски период од 1991 г.
Плакети 3-ти Ноември ќе се е доделат на црковниот хор на црквата Св. Петка за активното учество во парохискиот богослужбен живот и духовната дејност на храмот. Потоа, винаријата Сарика за одгледување на винова лоза и производство на автентично вино. Со плакета ќе се заките и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј за 65 годишнината од постоењето на меморијалниот музеј 11 Октомври. За 70 годишниот подем и развој како и за придонесот во сите домени на градот, плакета ќе добие и прехранбената индустрија Витаминка.
Со дипломи Трети ноември ќе се закитат Никола Здравески за освоениот златен и сребрен медал на светската олимпијада по географија. Постхумно, и режисерот Кирил Петрески за долгогодишниот драматуршки, режисерски и професионален ангажман во театарот “Војдан Чернодрински”. Потоа, наставничката по англиски јазика од ОУ “Гоце Делчев”, Благица Чатлеска. Диплома има и за прилепскиот ракометар и најдобар стрелец, член на РК Прилеп, Димитар Димитриоски. Музичкиот уметник Стефче Стојковски ќе биде носител на диплома, Трети ноември. И светскиот и европски првак во карате во својата категорија, Матеј Белистојаноски ќе биде добитник на диплома 3-ти Ноември. Комисијата оцени дека за високите достигнувања во археологијата, диплома Трети Ноември заслужил и Антонио Јакимовски, научен работник и професор на универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје. За бројното уметничко творештво за збогатување на градската култура, диплома ќе оди во рацете на академскиот скулптор Марјан Стојаноски.
Комисијата добила 25 кандидатури, од кои доделила 13 признанија.
![]()

