Кошарка
Екипата Мега баскет постигна вредна Победа од 81:76 врз Водно санс во Скопје, во 3.коло од Првата кошаркарска лига на Македонија. Заслужни се водечките луѓе од клубот, пред се Даниел Домлески и и Сашо Костоски, па тренерот битолчанец Никола Николовски, играчкиот кадар – Наум Марковски со 16, Благојче Димитровски со 15, Бојан Стевановски со 1а, додека странецот, Канаѓанецот Отасовие Бертранд Ијекеклопор постигна 23 поени. За него има пофални зборови како нов играч.
– Според играта, тој е супериорен во оваа лига. Го трошам многу. Го прашувам постојано дали може да одигра максимално, а тој секогаш вели дека може. Многу се троши и затоа се обидувам преку тајм-аути да го одморам. Доволно е да е в терен, па противничкиот тим го свртува вниманието кон него. Преднооста на овој двометраш е во височината и снагата. Има и забивања и блокади. Сé. Затоа е член и на друг клуб, ТФТ Скопје, учесник во АБА2-лигата – вели тренерот Николовски.
Есенва Мега баскет има само 1 пораз и 2 победи. На табелата во водство е скопски Феникс со 6 бода, подолу се три со по 5 бода – скопски Водно санс, велешки Борец и Мега баскет, а уште подолу со по 4 бода скопските ИБА и Ангели, струшки Црн Дрим, додека 3 бода освои скопски Младинец.
Во следното 4.коло Мега баскет пак гостува, кај Ангели во Скопје.
![]()

