„Семејство“ нов  роман од Божана Тренческа

„Семејство” е нов роман што го објави авторката Божана Трнческа. Романот е топол, искрен, преку кој писателката ја прикажува суштината на семејниот живот и вредностите што се цврсти и нераскинливи.

-Ова е роман за љубовта како темел, за семејството кое е дом. За семејството кое е најскапоцениот дар, најголемиот благослов во животот – вели Тренческа.

Рецензентот Тони Павлески ќе посочи дека авторката мајсторски ја опишува судбината на едно семејство кое живее во центарот на градот, но со дух и навики што припаѓаат на некое минато време.

– „Семејство” е приказна за падот и обидот за искупување. Преку ликовите на Павле, неговата сопруга Олга и нивните деца, Божана ни ја открива  силата на семејната врска која, и кога е разнишана, знае да се обнови преку искреност и покајание… Јазикот во романот е богат со народни изреки, пословици и дијалектизми, што му дава на делото автентичен вкус на живот. Читајќи го, човек како да го слуша гласот на својата мајка, баба, сосетка, како да е сведок на вистинска приказна што можела да се случи во секое македонско маало. Романот не потсетува дека и најпаднатиот човек заслужува шанса за промена, а љубовта е вистинска вредност што останува – вели Павлески.

Божана Тренческа со пишување започнува од најрана возраст. Има објавувано поезија во повеќе весници, автор е на шест романи, стихозбирки, книги раскази… За нејзиното творештво во 2021 година Општина Прилеп и ја додели третоноевриската награда за достигнувања во областа на литературата.

Loading