Зелката не е единствен зеленчук на кој човекот успеал да í ги зголеми нутритивните својства со ферментација. Богатството од калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар, ја прави киселата зелка многу здрава. Преку киселењето се создава витаминот Б12, што го има само во намирниците од животинско потекло.
Киселата зелка содржи повеќе витамин Ц од лимонот. Таа е богатство од витамин Б6, без кој инаку протеините нема да се искористат. Богат извор е на витамин Б3, за метаболизамот, енергијата и размената на материите во мозокот.
Расолницата е лек за тегоби со варењето и за смалување на отоците на зглобовите. Им годи на мамурливи, напијани луѓе. Алкохол лесно се надминува со чаша расолница.
Расолот го подобрува расположението, го прави организмот отпорен на стрес, ја активира размената на материи во мозокот, помага при создавањето на црвени крвни зрнца, подмладува, ги јакне коските, го турка холестеролот, го зајакнува имунитетот и силата на мускулите и влијае на обновување на истрошеното сврзно ткиво.
Сокот од пресна зелка успешно лечи чир на желудник и воспаление на дебелото црево.
![]()

