Публиката е задоволна

Ракомет

Ако е доволен знак расположението на ракометната публика, тогаш  прилепската е мошне задоволна. Голема е  поддршката, со аплаузи. Се виде на последниот меч од Супер лигата на Македонија за мажи, Прилеп – Вардар 29:38. Висок резултат на крајот, ама домашните дадоа максимум против најсилниот противник. Во првиот дел разликата за гостите беше минимална, а во финишот гостите доминираа и стигнаа до 9 разлика. Никола Шипинкоски постигна 7 гола, Петар Марковски 6, Никола Цветаноски 5, Александар Тренчевски 4… Голманот Благојче Трајкоски е со 6 одбранети удари. Следното 9 коло е со фаворитот Алкалоид во Скопје, викендов.

Табела: Вардар е прв со 16 бода, Еурофарм Пелистер има 15, Алкалоид 14, Охрид 13, Тиквеш 9, Прилеп 8, Еурофарм два Пелистер 7, Струга 5,  Куманово и Младост по 3,  Мулти есенс 2, Бутел 1.

Во Супер лигата за жени, Деспина на 1 ноември гостува кај силниот третопласиран Чаир во Скопје.

Loading