Бадеми, ореви, кокос, лешници, кикирики, афион семиња, бразилски ореви, костени, ленено семе, фстаци, семки од тиква, сончогледи, сусам, итн се во групата јаткасти плодови. Содржат протеини умерено и голема количина на масти. Извор се витамини Б, витамин Е, минерали, железо, цинк, калиум, магнезиум, анти-оксидант минерали и анти-оксиданти соединенија.
Оревите се енергетска бомба. Го намалуваат лошиот холестерол и го пткреваат добриот. Спречуваат срцеви болести и мозочен удар. Богатството на омега – 3 мрсни киселини влијае антивоспалително. Помагаат во падот на високиот крвен притисок, проблемите со дебелото црево и рак на простата. Корисни се при ревматоиден артритис, алцхајмерова болест, депресија. Дел јатките штитат од рак и дегенеративни нервни заболувања. Богаството со калиум, манган, калциум, железо, магнезиум, цинк, флуор и селен, влијаат на слободните радикали. Калиумот го контролира срцето и крвниот притисок, бакарот помага во продукцијата на црвените крвни клетки, а флуорот спречува проблеми со забите. Јатките содржат витамин Е за одржување на клетките и кожата. Одбрана се од слободните радикали. Содржат Б комплекс, кој е од суштинско значење за здравјето на луѓето. Срцето е здраво со 30 грама ореви дневно. Супстанцата аргинин во јатките спречува стврднување на артериите преку раст на еластичноста.
![]()

