Фељтон: Томе Велјановски
5.Василески Трајанов Китан Василоски 1941;
6.Велјаноски Орданов Методија Танески 1943;
7.Ѓорѓијоски Дончов Ванчо Јанкоски 1945;
8.Здравески Атанасов Симон Чонески 1944;
9.Јованоски Душанов Славе Курела 1957;
10.Јошески Ќиров Зоре Котески 1956;
11.Митрески Митев Методија Мурџески 1954;
12.Новачески Живков Петре Димитријоски 1951;
13.Павлески Игнев Павле Јоноски 1944;
14.Петрески Алексов Богоја Бабјак 1954;
15.Петрески Алексов Слободан Бабјак 1933;
16.Петрески Ванѓелов Митре Бабјак 1954;
17.Петрески Ванчов Љубе Бабјак 1958;
18.Петрески Димитријов Миле Бабјак 1951;
19.Петрески Димитријов Цане Бабјак 1956;
20.Петрески Атанасов Благоја Мурџески 1956;
21.Ризоски Борисов Гоце Бошески Ценоски 1950;
22.Ризоски Борисов Драган Бошески 1945;
23.Ризоски Борисов Миле Бошески 1954;
24.Ристески Димков Коста Танески 1952;
25.Ристески Орданов Алексо Танески 1952;
26.Ристески Ладев Атанас Јанкоски 1943;
27.Ристески Ладев Славе Јанкоски 1955;
28. Ристески Ладев Тане Јанкоски 1952;
29.Ристески Танев Ванчо Јанкоски 1947;
30.Ристески Тодев Коле Танески 1957;
31.Цветкоски Миланов Гоце Димитријоски 1956.
После расформирањето на Колективот, во пролетта во 1953 година марулските фудбалери одигра еден пријателски натпревар со подмолските фудбалери, на марулски терен кај трлото Павлеско во летото во 1956 година.
Состав на марулската екипа:
1.Василески Јованов Петре Василоски 1933;
2.Јованоски Крстев Трајче Јанкоски 1940;
3.Митрески Јованчев Петре Мурџески 1939;
4.Павлески Ванчов Борис Петрески 1942;
5.Павлески Ванчов Коле Петрески 1937;
6.Павлески Ванчов Мирко Петрески 1934;
7.Петрески Ванѓелов Митре Бабјак 1933;
8.Петрески Ванѓелов Раде Бабјак 1940;
9.Ристески Цветанов Најденко Мурџески (Голмано) 1940;
10.Ристески Крстев Ќиро Танески 1938;
11.Ристески Танев Сребре Танески 1939.
Состав на подмолската екипа:
1.Иваноски Ѓорѓиев Тоде Москоски 1940;
2.Иваноски Најдов Благоја Москоски 1935;
3.Кржески Талев Благоја Кржески 1939;
4.Кржески Талев Петре Кржески 1936;
5.Мирчески Блажев Борис Тошески Кеноски 1938;
6.Кочоски Ѓоргиев Јован Сиџимоски 1938;
7.Митрески Коста Боне Ѕуберо 1934;
8.Најдоски Лазаров Анѓеле Бешлак 1932;
9.Стојкоски Атанасов Јован Буцкоски Дамјаноски 1939;
10.Талески Блажев Борис Аспроски 1938;
11.Филипоски Стојков Томе Орлески 1938;
После неколку минути од играта Раде Бабјак дава гол. Сите марулци присутни весели и викат на глас, Раде даде гол, постарите присутни капите ги фрлат на земи, голема радост.
Радевата куќа е во непосредна близина до игралиштето на брегот. Слушнала и радевата мајка Мара, Раде гол, се подисплашила и почнала да вика по мажот е Ванѓел, татко му на Раде, Ванѓел слушнав од викотниците од фудбало на брего од кај фудбалот Раде гол, оди види што се има догодено. Те молам, Ванѓел за твоите педесет години од животот, Ванѓел комичар, Маро стрпи се, жими живото одма одам за да видам.
Ванѓел оди кај игралиштето, ги гледа сите весели, па и Раде, весел, дал гол за Марул во игра против Подмол, мајка му на Раде, Мара го прескокнала зборот даде или дал останува Раде гол. Народот врие од смеа. Ванѓел рече, ќе си одам да и ја кажам вистината на Мара за да се расположи.
Натпреварот заврши 1:6 за Подмол. Подмолци цело време беа подобри поготово Анѓеле Бешлак беше многу брз и добар дриблач кој даде четири гола. Павлески Коле беше многу добар, другите послаби, резултатот беше реален. Коле го спомна Богоја Мурџески да без него немаше сила тој е во ЈНА.
Давењето на овците од Танески Недан во трлото од ЗИК Прилеп во местото викано Бртвите
Недан Танески преку летата Ѓурѓовден – Митровден во 1960 година сам ги пасеше неговите овци, на број четириесетина. Ем домашен денски работник, ем ноќе овчар. Тој си знаеше како издржуваше. Тој имаше помош за овците од неговите деца, близнаците 13 годишните Ќиро и Методија. Во една октомвриска ноќ, фати лошо невреме после дено со силен ветер дополнето со дожд.
Недан за да се засолни од невремето, луната, овците ги натурал во трлото од ЗИК Прилеп во местото Бртвите во летниот период беа празни поради овците беа на пасење во планината Бистра во тоа време беа уште вратени од пашна од планината Бистра. А, трлата околешки празни. Откако ги засолнал овците во трлата, дали заспал тој или не, не е знато што направил, наминува дивината, волкот шест овци му удавува, закла. Направена штета на непредвидено. Старите велеа, тој непоканет, не носи ѕвонец како луна, ветер не се знае кога ќе дојди затова човек стално да е буден, претпазлив.
Од Атанасоска Трајанова Ѓурѓа Танески беше прва есенска свадба во с. Марул во 1960та година.
Танеска Трајанова Ѓурѓа сега дваесет и пет годишна девојка од четиринаесет годишна возраст остана сираче при умирање на нејзината мајка Менка Чакмакоска од с. Мало Рувци во 1949 година. Ѓурѓа продолжи да живее со останатите во куќата од таткото Трајан 1895, Илинка сестрата 1928 кога се омажи во 1952 година, братот Алексо 1929, снаата Спасија 1924, внукот Јосиф 1948, внукот Ѓорѓија Џорџ 1952, внуката Летка 1956. Ѓурѓа како мома физички здрава и работна, лична, секогаш припоена во друштво на оро и на корзо, поготово со нивните деленици, Неданоските деленици. Времето одминуваше, Ѓурѓа ја чекаше среќата, приликата за куќа да менува.
Среќата на Ѓурѓа и се оствари, таа се омажи за момчето Павле Вишиноски од с. Алинци, прилепско. Свадбата беше одбележана со сите свадбени церемонии, закони со музика. Свадбарите беа домаќински пречекани и испратени на високо свадбарско ниво. Исто така, размената со гости наречена разврати првичиња.
Продолжува
![]()

