Отворена изложбата „Револуција во кадар”

Во Галеријата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беше отворена изложбата „Револуција во кадар – ВМРО низ фотографии 1893 -1934”, која содржи 60 оригинални фотографии од македонското револуционерно минато – избор од приватната колекција на авторите Диме Ратајкоски и прилепчанецот Душко Апостолоски кој подолг период собира ретки стари фотографии, а за кого сме пишувале и во весников. Дел од историските фотографии досега не биле претставени пред јавноста.

Изложбата е своевидно фотографско патување низ четири децении од македонската историја. Тематски е организирана во три целини – периодот пред и по Илинденското востание, Балканските војни и Првата светска војна и меѓувоениот период до 1934 година. Претставени се ликовите на македонски револуционери, војводи, комити, интелектуалци, црковни дејци и жени вклучени во револуционерното движење. Покрај познатите, има и помалку познати или речиси заборавени учесници во македонската револуционерна историја.

Изложбата беше отворена по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, а присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

Loading