Во камените магацини на Тутунскиот комбинат, кој се викал Монопол, од дамнина се складирал стокмен тутун од највисок квалитет за странство, дури пред повеќе од еден век. Во повеќегодишната историја на Комбинатот, тие биле темелот каде се собирал, се складирал и се ферментирал откупениот род. Велат дека и мајсторите, кои ги граделе знаеле марифет за ѕидање на објекти од ваков вид тутунот природно да “зрее” и да не мувлосува. Никој не знае да каже дали марифетот бил во каменот или во експозицијата на објектите, или пак во бројот и големината на прозорците. Таму се оставал тутунот, без многу мака да стои, без да се расипе. Не се користела хемија за заштита од разноразните инсекти кои го напаѓаат сувиот тутун. Магацините се конструирани за “здраво” одржување, небаре со клима уреди.
![]()

