Во 18.30 часот, исто на трети ноември, во влезното фоаје од ЦК „Марко Цепенков”, Архивот на Прилеп ќе ја отвори изложбата на фотографии и документи „Прилеп по 1945 – години на промени и развој”. Ќе бидат претставени 17 паноа, на кои ќе биде прикажан Прилеп како се менува од понова обнова, преку создавање на институцииите и развој на општеството, до израснување во модерен град.
– Од документ до документ, од фотографија до фотографија изложбата ја следи приказната за еден град што постепено ги надминува последиците од војната и ја обликува својата нова иднина. Документите и фотографиите не се само сведоштва за минатото. Тие се дел од меморијата на градот и сведоштво за луѓето, институциите и генерациите кои со својата работа го создавале Прилеп што го познаваме денес – вели Филип Ристески, автор на изложбата и раководител на Архив Прилеп.
Двете изложби се по повод денот на ослободувањето на градот – Трети ноември.
![]()

