Градско дерби

Фудбал Трета

Еден од најинтересните дуели што се очекува е ГФК Победа – Ултрас, во 9.коло од Третата фудбалска лига – Регион 4. Меч за полна трибина в сабота, од 14 часот. Во ист ранг се двете прилепски екипи. За Ултрас се знае дека минатата сезона ја заврши на високото 4.место во овој ранг, а ГФК Победа е на лидерската позиција сезонава , со само 1 примен гол и постоигнат 41. Минатиот викенд го имаше првото реми (0:0) со Венец во Долни Дисан, Неготинско. Во истото коло Ултрас дома, на теренот со вештачка трева го победи Росоман 2:0.

Големо Коњари дома го совлада со 3:0 велешки Превалец, па следниот меч ја има новата шанса за триумф на мечот дома со Победа Пепелиште. Млекар дома одигра нерешено 2:2 со неготински Вардар и следниот меч го очекува гостување на Росоман.

Табела: ГФК Победа 19, Борец 14, Големо Коњари 13, Венец 12, Росоман и Бучин по 11, Питу Гули, Превалец и Победа Пепелиште по 10, Башкими 8, Ултрас 7, Вардар 6, Влазними ј. 3, Млекар 1.

Loading