Даниел Мелвил Македонска рапсодија 142

– Верувам дека разбирам, Кико. Кога мислиш со Темјануга да почнеме живееме заедно?

– Потребно е трпение. Нашиот свет е далеку. Ќе треба да ја најдам мајка ти. Не е лесно. Ќе треба време, можеби две години и повеќе.

– Во тоа време, дали можеме да се гледаме со Темјануга?

– Ако не можете да издржите да не се гледате, да. Ќе треба скришно, оти луѓеѕо не се будали. Имаат очи и уши. Не смее да сфатат дека ти се дружиш со самовила. Досега двајцата бевте невнимателни пред божествата, и пред луѓето од македонската нација. Тоа мора да престане, инаку сестра ми ќе ја вратат во нашиот свет. Темјануга ќе те научи да и зборуваш од далеку никој да не знае. Ќе се договорите кога и каде да се сретнете. Јас ништо нема да знам. Тоа не е баш дозволено од нашите закони и од боговите.

– Пред да се сретнеме, имаше еден ваш. Ништо не рече. Мислам дека не ме сака.

– Тој е Моран. Со други божества работи на болести и смрт. Ја сака Темјануга. Вардете се. Способен е да стори лошо. Нема да удри директно, но може да í стори лошо на Темјануга.

– Кико, кога и каде ќе можам пак да те видам?

– Треба да бидеш треплив, Каран. Имам работа што ќе потраи долго. Кога ќе биде потребно, ќе те најдам. Можно е да појдам на долго патување. Чекај гласник. Сега врати се дома. Боговите ќе ти бидат благонаклонети.

Љубовта и омразата

Љубовта и омразата се вбројуваат меѓу главните извори на енергии во светот. Бодинаше без сопирање во главата од Темјануга, која закачена за својата бојна кола, држејќи ги цврсто со левата рака уздите, ги тераше коњите со најголема брзина. Што ли стана со неа? Дали полудела? Никогаш не била ваква. Божица, ајде де, каква шега! Можеби е растроена. Досега мислела дека само овдешните девојки може лудо да се заљубат во еден смртник, или во некој од бессмртните браќа на Темјануга. Арно ама, еве, судејќи спрема неа, една божица се заљубува до лудило. А, од кога љубовта е лудило? Не е ли доказ дека има шанса тоа добро да функционира? Што ли има оној Каран, таа толку многу да го засака? Дали крвта од бессмртната мајка ја вика крвта од Темјануга? Мистерија? Таа не може да живее повеќе без него, без да го види барем неколку мига, ама секој ден и секоја ноќ. Љубов, какво чудо, какво чудесно нешто, каква огромна сила! Што има тој, необично, облечен на црвената облека, со сонцето обесено на златен синџир околу вратот, со кожниот појас украсен со сребрени глави од шајки, со сабјата чија дршка свршува со глава од сокол, со војничките сандалки, со русата коса, со плавиот поглед со што може да гали, ама и кој може да стане “врвлест” како копје и остар како брич?

Смешно е во споредба со светот на Темјануга. Сепак, кога таа мислеше, гледајќи го Димо Каран во меморија, тој не беше смешен, дури и со своите облеки и оружја од овдешниот свет. Спротивното. Имаше импозантен изглед и држење. Што да правам, мајко? Болна е од љубов. Треба да се лекува во својот свет. Ќе се мајтапат со неа. Првин со мајка í. Таа, Темјануга, божица, со поведение на простосмртна жена! А татко í ќе ја погледне молчеливо и ќе í речи: “Ќерко, мина долго во светот таму. Остани, колку што ќе биде потребно време да се излекуваш”.

 (продолжува)

Loading