Фудбал: Женски
Покрај тоа што Прилеп е во спортска криза, успева да го одржи женскиот фудбал. Тоа е благодарение на клубот Цевитана. Постои осум години, а сега се натпреварува само во младинската конкуренција со екипа тренирана од фудбалерката со видна кариера Катерина Милеска. Есенва минаа 5 меча во Младинската женска лига. Забележан е само 1 пораз, од лидерот Скопје дома (0:5), а другите 4 се победи – дома со Кочани 1:0, на гости со Пелистер во Кравари 1:0 и со Ас унитед во Струга 1:0, дома службено со Билјанини Извори 3:0. Следниот дуел е дури на 4 ноември, дома со Речица од Куманово, тим со ист број бодови, па се очекува интересен меч.
Табела: Скопје 15, Речица и Цевитана 12, Ускана, Саса и Ас унитед по 9, Кочани и Тиверија по 6, Љуботен и Шкендија по 4, Пелистер 3, Билјанини Извори 0.
![]()

