АМБАСАДОРИ НА ПРИЛЕП И МАКЕДОНИЈА

Марјан Беџоски и Никола Димески

Познатите филмски автори Марјан Беџоски и Никола Димески остварија нов блескав успех, заокружувајќи ја креативната година со импресивна низа од престижни награди и признанија за своите документарни и видеоостварувања. Со својот посветен и врвен авторски израз, тие со гордост и ги претставуваат Прилеп и Македонија, утврдувајќи ја својата улога на вистински културни амбасадори на меѓународната сцена.

Двајцата освоија меѓународно признание во Лугано Швајцарија, на светскиот фестивал на непрофесионалниот филм под покровителство на Светската асоцијација за кино (УНИЦА – Унион Интернатионале ду Цинéма). Се закитија со диплома за филмот „Брзина – адреналин – уживање”,Овој нов меѓународен успех е продолжение на нивните континуирани творбени успеси, потсетувајќи на нивниот значаен меѓународен триумф од пред две години, кога исто така се закитија со диплома на светски фестивал во Полска, носејќи го гласот за македонската креативност ширум светот.

Триумфираа на 55-от Државен фестивал на непрофесионален (аматерски) филм на Македонија – 55. ДФНФ, накој  годинава владееше исклучително силна конкуренција – пристигнаа околу 120 филмови, а само 18 влегоа во официјална проекција. Во оваа мошне селективна конкуренција, стручната жири-комисија им додели високи признанија на проектите од Беџоски и Димески: златна плакета за документарен филм за врвното остварување „Прилепчанецот што ја менуваше историјата – Али Фети Окјар” – дело што фрла значајнао светлина на историските врски и ликови од македонското минато и​ златна плакета за монтажа, како и сребрена плакета за документарен филм за забележителното остварување „Духот на францускиот војник”. Признанијата се потврда за долгогодишниот труд, уметничката посветеност и истражувачкиот дух на Беџоски и Димески, кои преку своите филмски приказни успеваат да ги сочуваат од заборавот значајните историски моменти, ликови и теми кои ја заслужуваат вниманието на пошироката јавност, оставајќи длабок белег во културната ризница на Прилеп и Македонија.

Loading