Сите се победници!

Атлетика

Низ улиците на Прилеп по четвврти пат се одржа рекреативно-натпреварувачката  атлетска трка на 5 и на 10 километри во машка и во женска конкуренција од меѓународен карактер, “ Че трчаме”. Трката станува се попопуларна од година во година. Околу 1200 учесници трчаа на 5 километри, меѓу кои беше и сопругата на градоначалникот Дејан Проданоска, Даниела, која е поранешна атлетичарка и олимпијка.

–  Се надевам на поголема масовност  в година. Сите се победници – рече Градоначалникот Дејан Проданоски.

На 5 километри кај дамите редоследот е прва беше Анастасија Пејчева (Бугарија), а кај мажите Григоријан Никовски. На 10 километри најдобрите беа, кај дамите Блсевин Сулеман (Бугарија), а кај мажите македонскиот репрезентативец, Муџахин Мислими.

Loading