Подготовка на салата од зелка

Зелката е позната многу одамна, поради лековитите својства. Листовите се користеле за облога од изгореници, а расолот го лекува мамурлакот.

Всадено е мислењето дека зелката е зеленчук на сиромашните. Во Франција постоела легенда дека децата се раѓаат во зелка. Свежата зелка  изобилува со хранливи материи, а при готвењето голем дел се губат. Со векови зелката се конзумира готвена, печена или пржена. Помалку свежа во салата. Располага со богат нутритивен состав. Затоа, во различни облици, ја има во традиционалната кујна. Салатата е омилена, бидејќи е евтина и освежителна. Одговара за прилог со различни вкусни јадења од месо. Иако се приготвува од неколку состојки, можно е да се направи грешка што ќе ја направи салатата да биде како гумена и невкусна. Кога ќе ја исечете зелката, таа го ослободува природниот сок. Прво се посолува зелката и се додава малку шеќер, па се гмече со раце и се остава во садот неколку минути. Кога ќе го ослободи вишокот вода, се цеди и се пренесува во сад за сервирање. Дури сега се додава масло и оцет, се меша, а потоа се додава сол, бидејќи на тој начин солените кристали рамномерно го обложуваат зеленчукот, наместо само да се истресат на дното на садот.

Главно е составена од вода и ниска калориска вредноста. Изобилува со јаглехидрати, протеини, растителни влакна, витамин К, Ц, Б6, Б9, манган, калциум, калиум, магнезиум и помал процент на витамин А, железо и витамин В2. Витамините В6 и В9. Богата е со растителни влакна и антиоксиданси и витамин Ц. Антиоксидансите штитат од слободните штетни радикали во телото. Влијае на правилно функционирање на имуниот систем. Потребен е и за синтезата на колаген, кој е најприсутен протеини во организмот, клучен за структурата на кожата и поседува функционални својства важни за коските, мускулите и крвните садови. Зелката позитивно влијание на перисталтиката на тенкото и дебелото црево. Обезбедува постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на лошиот холестерол. Сокот од зелка е добар за белите дробови. Корисен е за респираторниот тракт. Свежо цеден сок од зелка е спас за секој што страда од гастритис. Се препорачува за луѓе со бавен метаболизам.

Loading