Шибеник
Шибеник или Крешимиров град, како што го викаат жителите, е приморски град во Средна Далмација во Хрватска. Тука се влива реката Крка во Јадранското Море. Блиску се Задар и Сплит.
Првпат се спомнува во 1066 година. Затоа е еден од најстарите градови на хрватското крајбрежје. Во историјата е познат и уште по еден куриозитет. Тој е прв град што има добил осветлување преку хидроцентралата на Крка. Главен град е на Шибенско-книнската жупанија со над 46 илјади жители. Тук се родил легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ.
Хрватите интензивно вложуваат во реконструкција и ревитализација на историските атракции. Туристичката понуда е одлична. Затоа градот е “мамка”, за уживање на многу туристи. Дом свиле или времено се вработени и Македонци, па и прилепчани. Нашиот музичар Дејан одамна е населен во овој хрватски приморски град.




Со прошетка се запознаваат знаменитостите и природните убавини. Особено, лете кога градот е поплавен со најмногу сончеви часови и денови на Јадранот. За разгледување, обично се тргнува пред катедралата Св. Јаков. Таа е во фокусот на сите, оти е најзначајна знаменитост. Готско рененесансна камена градба од 15 век е изградена од Никола Фирентинец и Јуре Далматинец. Колку е вредна, зборува податокот што е ставена под заштита на УНЕСКО, како светско културно наследство. На предниот дел стои интересен дета. Точно 71 глави. Тоа се индивидуални портрети, создадени по конкретни, реални современици на Јуре Далматинец.
Доживувае е истражувањето на шибеничката тврдина Св. Никола од венецијанскиот период. Таа една од четирите во гардот. Тврдината ја задржала изворната форма. Така оригинална, комплетно е обновена и реконструирана. Следна тврдина е Барон. Летно време таа е концертна сала под отворено небо. Крената е до бедемот на Св. Иван. Последна е Св. Миховил. Тие се објекти за заштита на градот од обидите да го покорат населението и непријателите да го ограбат.
Шибеник е град на стари палати, портали. Низ стариот дел, низ камените улички, се доаѓа до плоштадот Република Хрватска. Со векови е срж на градскиот живот. Блиску е плоштадот со четири бунари, а патот води до Бискупската палата и др, вредни историски градби.
Шибеник е зелен град, преполн со паркови, како Св. Ловр. Обновен е со разновинди растенија и преполн е зеленило. Очите ги “боди” и предизвикува восхит паркот Висани. Толку е располслан, што мое да се шета и со велосипед, покрај пешачките патеки и дизајнираните жардинери со цветови и разна друга вегетација. Блиску е националниот парк Крка, каде природата предизвикува празник на сетилата за вид.
За туристите кои градот го гледаат низ призмата на синото чисто море, е најпозната е градска плажа, Јадрија. Од плажата Бањ пак, во височините излегува, стариот град.
За “разделба” грев е да не се седне во од рестораните и да се ужива во пирморската кујна. Се нудат риба и морски плодови, подготвени на стари традиционални начини. Чудно, но покрај морската храна, може да се вкуси дури и печено јагнешко месо.
Текст и фото: Каролина Мицевска
![]()

