– Зборувала македонски?
– Да.
– Добро.
– Таа оздравела брзо и се омажила за татко ми. По две години ме родила мене. Го сакала татко ми, ама често плачела, сеќавајќи се на својата земја, населена со божества и му велела дека еден ден ќе требало да си оди.
– Како се викала и што раскажувала за својата земја?
– Велела дека се вика Олимпија, ама татко ми не беше сигурен дека тоа и било вистинското име. За својата земја не раскажувала. Рекла дека е многу далеку, меѓу ѕвездите на небото, населена со малку свет и сите се бессмртни.
-Што станало со нејзината летачка бојна кола?
– Кога оздравела, побарала од татко ми да ја однеси на местото каде ја видел војната кола без коњи. Таму не нашле нити мала трага од колата.
– И како мајка ти си отишла?
– Кога татко ми бил на лов, дошле две жени. Треба да биле божици како неа. Излегла со нив и никогаш не се вратила. Јас не се сеќавам за неа, оти сум бил многу мал.
– Тоа е сé што знаеш за мајка ти?
– Да.
– Дали ова си го раскажувал на други?
– Не, бидејќи татко ми ме заколна тоа да го кажувам на никому. Ама тебе, честити Кико, ти ја доверам таа работа, оти ти не си човек како ние.
– Добро си постапил. Во времето што доаѓа, ќе бидеш набљудуван, слушан од боговите. Не кажувај никому ништо, ниту за Темјануга, оти можеш за секогаш да ја загубиш.
– Знам да молчам, како татко ми. Ќе ни помогнеш ли, честити Кико?
– Остави го тоа “честити”, можеби ше ти бидам иден шура. Ќе ви помогнам теме и на Темјануга. Што точно очекуваш од мене?
– Секогаш сум мислел дека ќе го завршам животот како војник во битка. Не сум посакувал да станам бессмртен. Темјануга мисли дека тоа е потребно за да се земеме. Ми зборуваше и за вашите закони, за добивање на дозвола од боговите.
– Ако можам, ќе помогнам. Ама ќе биде тешко за тебе, оти ако станеш наш, ќе треба за секогаш да ја чуваш тајната. Ќе мораш да живееш меѓу два света, нашиот и твојот овде. Ќе гледаш како луѓето од овој свет ќе стареат, ќе умираат, ќе страдаат, и ти ќе им помагаш помалку, но не со сета сила на бессмртник, оти тоа е забрането од нашите закони. За да станеш бессмртен, да го објасниш твоето отсуствување одовде, ќе треба да измислиш тргнување на долго патување, па ќе го напуштиш овој свет. Ќе дојдеш во нашиот крај нас за да научиш многу нешта што ние боговите ги знаеме. Ќ е биде тешко, но ти си доста јак за да издржиш.
– За Темјануга се ќе издржам.
-Немој да те лаже изгледот. Ги виде нашите браќа во чистината. Носат оружја какви овдешното. Облеките им се слични. Тоа е привидно. Во нашиот небесен свет ние сме многу различни од тоа што се гледа. Облеката, оружјата, се разликуваат. Моќта е многу голема. Никој не може да не победи. Не сме тукутака бессмртни и богови.
(продолжува)
![]()

