Фудбал: Трета лига
Третата лига – Регион 4 продолжува со 6. коло, во кое е дербито ГФК Победа – Борец, првиот со вториот на табелата. Се игра во Прилеп, на Градскиот стадион “Гоце Делчев, в сабота, од 15 часот. Многу публика се очекува. Мотивација бараат и гостите. Минатото коло велешани одиграа 0:0 со Росоман, а прилепскиот тим постигна 8:0 со Победа во Пепелште.
Прилепскиот тим е лидер на табелата.
– Ние имаме две нерешени сезонава што е непријатно изненадување, но амбициите ни се прво место и ќе ја бркаме Победа до крајот на сезоната. Имавме многу повредени играчи, имаше и црвени картони, па не располагавме со цел состав. Во Прилеп патуваме комплетни. Целта е да се вратиме непоразени. Втора мисла е да освоиме три бода и да се доближиме до ГФК Победа – вели Кирил Ивановски, тренер на Борец.
Табела: ГФК Победа Прилеп 15, Борец и Венец Долни Дисан 11, Превалец и Г. Коњари 10, Росоман 8, Победа Пепелиште 7, Башкими и Бучин 5, Питу Гули и Ултрас 4, Влазними ј. 3, Вардар Н. 2, Млекар 0.
Другите прилепски третолигаши: Големо Коњари по 3:3 дома со Влазними од Пресил, викендов кај Бучин, Ултрас по 2:4 пораз од Башкими, гостува кај Вардар во Неготино, а Млекар, по поразот 0:3 дома од Питу Гули, гостува на Башкими во Велес.
![]()

